Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕвропската комисија не е среќна со борбата на Унгарија против Сорос

Европската комисија не е среќна со борбата на Унгарија против Сорос

Европската комисија покрена прекршочна постапка против Унгарија за  борбата на Владата на оваа земја против организациите на унгарскиот милијардер Џорџ Сорос.

На иницијатива на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер била отворена  дебата на колеџот на комесари за последните случувања во Унгарија, кои пројавија широка загриженост за компатибилноста со правото на Европската унија и на заедничките вредности на кои се заснова Унијата.

Брисел  е загрижен дека  со новиот закон за високо образование, Владата на премиерот Виктор Орбан почнува процес за елиминација на централно-европскиот универзитет на Џорџ Сорос во оваа земја, како и ограничување на делувањата на соросовите невладини организации во Унгарија.

Извор: 24vesti.mk