HomeДЕНЕШНАПолитикаЕвропската комисија без коментар за настапот на Курц на митингот на ВМРО-ДПМНЕ

Европската комисија без коментар за настапот на Курц на митингот на ВМРО-ДПМНЕ

Image: 0179770440, License: Rights managed, Property Release: No or not aplicable, Model Release: No or not aplicable, Credit line: Profimedia.com, Alamy

Европската комисија директно не одговори на прашањата дали австрискиот министер за надворешни работи Себастиан Курц ја употребил официјалната псоета на Македонија на која ги презентираше ставовите на ЕУ за да настапи и на митинг на ВМРО-ДПМНЕ и дали ЕУ стои зад изјавите кои Курц ги даде на партискиот собир – објави 24 Вести.

Од комисијата во допис се повикуваат на изјавата на евроамбасадорот Самуел Жбогар дадена во врска со изборите на осумнаесетти овој месец. Оттаму велат дека позицијата на ЕУ е јасно дефинирана во изјавата на евроамбасадорот – изборите се шанса за сите релевантни страни да ја реафирмираат својата посветеност на демократските вредности и владеењето на правото.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com