Friday, May 26, 2017
HomeДЕНЕШНАРепублика„Фронтекс“ од следната недела ќе се грижи за поредокот на јужната граница!

„Фронтекс“ од следната недела ќе се грижи за поредокот на јужната граница!

„Фронтекс“, специјалната гранична полција на ЕУ, од следната недела ќе ја обезбедува македонско-грчката граница со цел да се воведе контрола не неконтролираниот прилив на бегалци. Имено, портпаролката на Европската комисија за миграциски прашања, Наташа Берто денеска изјави дека припадници на Фронтекс ќе бидат распоредени со цел да помогнат при регистрација и земање отпечатоци на бегалци и мигранти.

Во изјава за за грчките медиуми посочила и дека Фронтекс ќе донесе одлука за точната бројка на луѓе кои ќе бидат распоредени. Според неа, одлуката Фронтекс има рок од пет дена да го финализира планот.

Ваквиот договор денеска го потврди и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој посочи дека доаѓањето на Фронтекс ќе биде од помош на Македонија.
Во изминатиот период македонските власти во неколку наврати побараа помош од оваа формација со цел да се справат со бранот на луѓе кој доаѓа од југ, но проблемот лежеше кај грчката страна која не дозволуваше распоредување на овие полициски единици долж граничната линија, со објаснување дека Македонија не е дел од Европската унија.

Дополнително, бројот на мигранти кои пристигнуваат на границата е со ненамален интензитет, иако ситуацијата за разлика од изминатите денови засега е мирна но тензична. Ги нема ниту грчките активисти кои ги провоцираа мигрантите да прават немири во име на барањето на своите права.
Министерот Оливер Спаовски беше во посета на граничниот појас пред неколку дена со цел да ја види ситуацијата на терен, во таа прилика изјави дека засега ситуацијата е под контрола, дали ќе биде така и во наредниот период – останува да видиме.


Н.С