HomeДЕНЕШНАРегионЕвропска комисија: Можни се фалсификати на денешните избори во Црна Гора

Европска комисија: Можни се фалсификати на денешните избори во Црна Гора

Европската комисија стравува од фалсификување на резултатите од денешните парламентарни избори во Црна Гора, јави црногорската агенција ЦГНА, цитирана од ТАСС.

Повикувајќи се на извор од Брисел, агенцијата информира дека во текот на последните неколку недели Европската комисија го проверувала избирачкиот список, што бил доставен од црногорското Министерство за внатрешни работи, споредувајќи го со демографските податоци за земјата.

При проверката комисијата утврдила дека на 1 август 2016 година во Црна Гора имало 622. 833 државјани, од кои 465. 974 биле на возраст над 18 години, додека во избирачкиот список фигурирале 529 933 граѓани со право на глас.

Уште почудни резултати покажала проверката на лицата што се наоѓале на избирачкиот список. Од вкупно 465. 974 лица, 3 873 имале двојно државјанство, а 23.946 биле државјани на други земји. Така што во Црна Гора во моментов активно право на глас имале само 438. 191 лица.

Според политичките аналитичари, главното прашање на денешните избори е дали ќе победи прозападниот курс на Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ, кој приближно 25 години раководи со земјата како премиер или претседател, или проруската опозциција, која се противи на членството на земјата во НАТО.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com