HomeДЕНЕШНАПолитикаЕвропратеникот Ховит побара да не се руши СЈО

Европратеникот Ховит побара да не се руши СЈО

Ричард Ховит, еден од главните европски поддржувачи на опозицијата денеска во Скопје пренесе повеќе ставови за прифатените реформи како и за претстојните избори кои ќе бидат многу важни за европската иднина на Македонија. Европратеникот изрази силна поддршка за работата на СЈО и смета дека предлогот за формирање на специјално одделение во Кривичниот суд слично како за одделението за организиран криминал е прифатливо и пожелно.

– Овие избори мора да бидат со реални услови за смена на моќта. Свесни сме дека пратениците во Собранието имаат право слободно да говорат, но Владата на Република Македонија и владејачката партија треба да го поддржат работењето на Специјалното јавно обвинителство и не би требало да ја подриваат нивната работа, изјави денеска во Скопје, европратеникот Ричард Ховит.

Тој нагласи дека важно е на 11 декември на граѓаните да не им се кажува од политичките структури за кого да гласаат.

– Треба да има вистински избор за трансфер на моќта. Промената на власта е можна. Ние ве поддржуваме во вашите реформи. Има добар избор и можност да се случи промена на власта – нагласи Ховит.

Европратеникот нагласи дека е многу разочаран што Уставниот суд сè уште не се произнел по прашањето за СЈО.

– Претставниците на сите политички партии ни ветија дека ако Уставниот суд се изјасни против СЈО, тие уште следниот ден ќе се вратат во Собранието и ќе направат законски измени за да може без проблем СЈО да продолжи да работи – вели Ховит.

Прашан, каков е неговиот и ставот на ЕУ по однос на пролонгирањата на политичките обврски кои треба да се спроведат до изборите и дали со нивното одолговлекување се прави обид да се одложат изборите, Ховит вели дека политичарот кој се плаши да нема избори, нема да добие поддршка од ЕУ.

Следниот месец ќе биде објавен и Извештајот на Европската комисја за напредокот на Македонија кој ќе донесе уште една условена препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com