HomeДЕНЕШНАПолитикаЕвропратениците Вајгл Кукан и Флекенштајн во посета на Македонија

Европратениците Вајгл Кукан и Флекенштајн во посета на Македонија

evroparlamentarci

Скенирање на состојбата во пресрет на предвремените парламентарни избори во декември беше главната цел на посетата на тројцата европратеници.

„Се надеваме дека сите нивни изјави гласеа: Засега се е во ред. Да се надеваме дека на тоа ќе остане и дека ќе имаме како што кажа колегата Вајгл кредибилни избори, прифатени од сите политички актери а новата влада веднаш ќе почне со спроведување на приоритетите“ – смета европратеникот Едвард Кукан

„Важно е да не се гледа на канцеларијата на јавната обвинителка како страна или заинтересирана странка во изборниот процес кој им претходи на самите избори“ – вели европратеникот Иво Вајгл

„Се надевам дека Македонците масовно ќе излезат на избори. Ние ќе се вратиме една недела по изборите“ – додава европратеникот Кнут Флекенштајн.

Тие остварија средби со претставници на политичките партии како и Специјалната јавна обвинителка.

„Помошта која тие би можеле да ја понудат како меѓународна заедница за да имаме што е можно поприфатлив изборен процес за сите страни,“ вели Али Ахмети – ДУИ.

„Одлични вести. Разбрав од Европратениците дека изборите во Македонија ќе бидат ставени у ренген ситуација,“ вели Мендух Тачи , ДПА.

Инаку европратеникот Едвард Кукан и неговиот колега Иво Вајгл, кој воедно е и известувач за Македонија во Европскиот парламент, беа посредници во создавањетo на пржинскиот договор за излез од политичката криза. Кнут Флекенштајн е дојден на местото на третиот посредник Ричард Ховит.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com