Европа се подготвува за тропски горештини
Од Португалија преку Велика Британија, преку Шпанија, Фрација, Белгија,Холандија како и на северот на Италија, наредниве денови температурите ќе се движат од 30 до 40 степени целзиусови.Поради искуство со смртоносниот топлотен бран од 2003 година властите во овие земји објавија препораки за граѓаните.Истите се посебно наменети за постарите лица, болните и децата.
Со максимални 41 степени во Толедо, Шпанија е на врвот на листата најтопли земји. Институциите се постојано подготвени за справување со евентуални пожари.
“Лесна вечера, исклучете ги сите електрични апарати и престојувајте во климатизирани простории” –се само дел од препораките кои ги објавуваат тамошните медиуми.
Наредниве денови критично е и во Франција, каде е препорачано да не се користат автомобили.
Во јужниот дел на Белгија веќе е скратено работното време за еден час, а се очекува и откажување на спортски и културни настани.
Во Холандија стапи на сила ,,Национален план против горештините” со дистрибуција на вода и мраз во домовите за стари лица на секој половина час