Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕвропа не ги признава првите руски избори на Крим

Европа не ги признава првите руски избори на Крим

Територијата на Крим која беше анексирана од Русија за прв пат гласаше за пратеници за Руската Дума, но Европската Унија не ги признава овие избори.

Една од причините е што Брисел се уште не ја прифатил анексијата на Крим и територијата ја смета за оспорена меѓу Русија и Украина па и затоа новоизбраните пратеници кои ќе влезат во составот на парламентот се нелегитимни. Спрема нив ќе се однесуваат согласно политиката за непризнавање на ЕУ (за влегувањето) на Крим и Севастопол (во состав на Русија) велат извори од Брисел.

На Крим беа формирани три едномандатни окрузи, во Севастопол – еден. Пред гласањето претседателот на Украина Петро Порошенко ги повика земјите на Г-7 и ЕУ да не ја признаваат легитимноста на изборите на полуостровот.