Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕвропа на чекор до целосно ослободување од роамингот

Европа на чекор до целосно ослободување од роамингот

По долги и исцрпни преговори кои траат десетина години Европскиот парламент поднесе предлог за укинување на цените во роаминг ширум земјите на Европската Унија, а последната одлука треба да ја донесе и Европскиот совет каде членуваат шефови на влади и министри.

Со овој последен чекор се очекува веќе од јуни целосно да бидат укинати високите цени на роаминг со што ќе се постигне посакуваната цел полесно движење на европските граѓани во различни држави без да се грижат дека нивните сметки за мобилен телефон и мобилен интернет ќе бидат многу високи.

За да не дојде како шок за мобилните оператори спуштањето на цените во роаминг ќе оди во етапи, па годинава во јуни една минута ќе чини 0.032 евра, 0.01 евра за СМС и 7.70 евра за 1 GB мобилен интернет. До 2022 цената на мобилниот интернет ќе се спушти на 2.50 евра за 1 GB.

Поддршка за новата регулатива за мобилниот роаминг даде и Европската комисија, па комесарот за единствен дигитален пазар Андрус Ансип посочи дека цените на роамингот долго време биле аномалија на европскиот континент, но по една деценија конечн корисниците штом ги преминат границите нема да го исклучуваат интернетот и да ги штедат пораките или повиците.