Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕвропа ќе го казни Google со милијарди евра

Европа ќе го казни Google со милијарди евра

Европската Комисија одамна испрати ултиматум до Google, кој се уште е под притисок на главната европска институција – му се заканува казна од неколку милијарди евра. Со цел да влезе подлабоко во анти-монополската акција против гигантот, ЕК ги испратила прашањата до компаниите што би можеже да бидат засегнати од практиките на Google. Одлуката е поради неодамнешната чекор на компанијата од Купертин да го промени името во Alphabet,  основана од Лери Пејџ и Сергеј Брин.

google alphabet ceo

Google се обвинува за копирање на содржини од конкурентските платформи, злоупотреба на доминантната позиција во бизнисот со е-трговија и приоритетизирање на своите услуги кога пребарувате на Google. ЕК ги формирал прашањата со интерес да дознае какви информации копира Google од конкуренцијата и дали истите биле условувани да ја користат само реклами од Google.

Google доби доби одложување на рочиштето за 2 недели по свое барање, кое претходно се одржа на 15 август, а ако сака и трето одложување, веќе нема право на таква одолговлекувачка тактика. Паралелно со ова компанијата се товари и за мобилниот софтвер Android, европските регулатори проверуваат на кој начин се шири софтверот и се обидува се наметне на пазарот од Google. Ако Google е виновен, казната би можела да изнесува неколку милијарди евра.

Извор: telefoni.mk