HomeUncategorizedЕвроамбасадорот Жбогар и натаму инсистира дека кредибилни избори се клучни

Евроамбасадорот Жбогар и натаму инсистира дека кредибилни избори се клучни

zbogar

Евроамбасадорот  Самуел Жбогар повторно посочи дека Македонија мора да спроведе кредибилни избори на 11 декември, со цел да се продолжи европската перспектива на земјата, да се исполнат условите на Прибе и да се надмине политичката криза која веќе две години го блокира реформскиот процес. Тој денеска од Тетово, каде се сретна со градоначалничката Теута Арифи, апелираше институциите веднаш да реагираат доколку се случи и најмал проблем за време на предизборието.

– Очекувам фер кампања, очекувам политичките партии да ги престават своите визии во врска со иднината на вашата земја. Од понеделник ќе почне кампања, дури ако нешто се наруши и ако кампањата не оди по вистински пат, самите институции во државата треба да го решат тоа. Ако произлезат вакви ситуации, треба да се погрижиме за тоа, ќе се смисли нешто, но како што вели изреката, кога ќе дојдеме на мостот, тогаш ќе размислиме како да го поминеме – изјави Жбогар.

Тој додаде дека иднината на земјата и нејзината евроатланската интеграција, зависат од овие избори, кои ќе бидат, како што рече, набљудувани од голем број меѓународните преставници. Нивната проценка, според Жбогар, за тоа како поминале изборите, целосно ќе се земе предвид од Европската Унија.

Евроамбасадорот рече дека новите случаи што ги отвора Специјалното јавно обвинителство, треба да се остават да се процесираат во самите судски институции.

– Ние не ги коментираме судските процедури, немаме коментар во врска со тоа. Но, сите политички партии се обврзаа да дадат подршка на Специјалното јавно обвинителство, таа институција треба да се остави да си ја работи својата работа, таа веќе и го прави тоа и мислам дека треба да ги оставиме работите да течат во самите судови – додаде евроамбасадорот.

Евроамбасадорот Жбогар, заедно со амбасадорот на Шпанија во земјава, Рамон Абароа Каранса, денеска ја посетија Општина Тетово, каде остварија средба со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, на која ѝ понудија финансиска помош за реализација на инфраструктурни и на комунални проекти за Тетово.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com