HomeДЕНЕШНАПолитикаЕвроамбасадорот побара вистинска поддршка за СЈО, изборите се сигурни

Евроамбасадорот побара вистинска поддршка за СЈО, изборите се сигурни

Тазе евроамбасадорот Самоел Жбогар повторно ги пренесе ставовите на ЕУ за безрезервна поддршка на Специјалното јавно обвинителство како обврска за сите политички фактори и правни институции во земјава.

– Позната е нашата позиција што се однесува на СЈО. Како што знаете, формирањето на СЈО е клучната работа која произлегува од Пржинскиот договор и политичките партии многу пати се имаат обврзано да дадат поддршка на СЈО. И ние ги охрабруваме политичките партии да ја почитуваат оваа нивна заложба и во иднина да ја имплементираат поддршката за СЈО. Сите вие знаете дека СЈО не претставува крај како такво, туку тоа претставува само една алатка, т.е. најдобрата алатка да се одреди одговорноста или пак да се истражува одговорноста која што произлегува од прислушуваните разговори. Ова е наш став и остануваме на него – изјави Жбогар во Куманово.

Жбогар смета дека изборите кои се закажани за 11 декември ќе се одржат бидејќи партиите веќе ги започнале своите подготовки по што очекува Македонија да се врати на евроатлантскиот колосек и да ги нормализира институциите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com