Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕВН со проектот „Идеја менаџмент” го освои првото место

ЕВН со проектот „Идеја менаџмент” го освои првото место

Оваа година ЕВН Македонија како дел од  националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата аплицираше во категоријата „Етичко управување”, каде успеа да ја освои првата награда.

Се работи за проектот „Идеја менаџмент кој подразбира воспоставување на систем во организацијата за управување со идеи кои што ќе влијаат на постојаното подобрување на интерните процеси и подобри услуги кон корисниците. Воспоставени се два извора за генерирање на идеи: внатрешен, односно идеи од вработените и надворешен каде што како придонесувачи се вбројуваат универзитети, истражувачки центри и други компании.

Со ова, ЕВН Македонија станува прва компанија во Македонија што добила награда во сите пет категории на ова традиционално национално натпреварување.