Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕВН од денеска ќе ги усогласува броилата во домаќинствата за евтината струја

ЕВН од денеска ќе ги усогласува броилата во домаќинствата за евтината струја

ЕВН од денеска ќе почне со усогласување на броилата, за домаќинствата од 1 октомври да добијат евтина струја. Претседателот на управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер, информираше дека тоа ќе се прави постепено.

Усогласувањето на броилата ќе почне како резултат на одлуката на Владата, од 1 октомври да се воведе евтина струја од 14 до 16 часот.

За цената на електричната енергија, Петер рече дека за оваа година може да се очекува намалување.

– На долгорочен план, тоа зависи од глобаниот пазар на електрична енергија. Мора да се одлучува година по година – изјави денеска Петер, кој во Охрид учествува на конференција за енергетика.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави инвестирање во соларни паркови и субвенционирање на уреди за домаќинства.

– Македонија мора да го зголеми сопственото производство на електрична енергија и да го намали увозот, притоа водејќи сметка за зачувување на чистата животна средина преку поголема експлоатација на обновливи извори на енергија – изјави Манчевски.