Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕВН: Од безбедносни причини електричната енергија ќе биде приклучена постепено

ЕВН: Од безбедносни причини електричната енергија ќе биде приклучена постепено

Екипите на ЕВН Македонија интензивно работат на санирање на дефектите во дистрибутивната мрежа настанати од големото невреме кое го зафати викендов северозападниот дел на Македонија, соопштија од компанијата.

„Сите дефекти на среден и висок напон во тетовскиот, кичевскиот, велешкиот, битолскиот, охридскиот, кумановскиот и прилепскиот регион се санирани. Екипите сега работат на помали дефекти во нисконапонската мрежа“, стои во соопштението.

-Се работи и на расчистување на теренот до енергетските објекти во критичниот реон во с. Стајковци, Смиљковци, с. Сингелиќ, Илинден, пат за Арачиново и др. Како што ќе се создаваат безбедни услови за приклучување така ќе бидат вклучувани под напон и трафостаниците или улица по улица, корисник по корисник. Целиот регион досега беше без напојување од безбедносни причини за да не се создадат поголеми проблеми и да се доведат во опасност животите на луѓето кои работат на расчистување на штетите и граѓаните кои живеат во тој регион и штети дополнителни на имотите, велат од компанијата.