Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЕвертон веднаш пронајде замена за Стоунс!

Евертон веднаш пронајде замена за Стоунс!

Го планираа заминувањето на еден од најдобрите дефанзивци, а сега пронајдоа нов. Евертон дефинитивно знае како да скопува бизниси, доколку се остварат сите бонуси во договорот на Џон Стоунс Евертон ќе заработи 54 милиони фунти, што ќе биде најскап трансфер за дефанзивец во историјата на фудбалот. Сега е на ред пронаоѓањето на нови решенија на позицијата центален дефанзивец, а тоа ќе биде Ешли Вилијамс, пренесуваат англиските медиуми.

Наводно е се договорено што се однесува до трансферот на овој фудбалер кој со Велс стигна до полуфиналето на Европското првенство оваа година. Трансферот би требало да изнесува 12 милиони фунти. Вилијамс пристигнува од Свонси, има 31 година и важи за еден од најдобрите централни дефанзивци во Премиер лигата во овој момент.

Се очекува денес да отпатува во Ливерпул за да ги помине медицинските прегледи, а потоа би требало и да потпише договор со Евертон.

ashley-williams-premier-league-swansea_cz1noztpbk6l1mx2hk7uxrxrm