HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЕве зошто Михтарјан не играше против Арсенал

Еве зошто Михтарјан не играше против Арсенал

m640501506020161014175907

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Хенрих Михтарјан го пропушти натпреварот против Арсенал бидејќи тренерот Жозе Мурињо му рекол дека нема да го поднесе притисокот кој тој натпревар го носи. Михтарјан дојде летово како ново засилување за Јунајтед од Борусија Дортмунд за 30 милиони евра, но во Премиер лигата последен пат настапи кон средината на месец септември.

„Му реков дека натпреварот против Арсенал не е за него. Мислам дека не му е потребно да влезе од клупа и да одигра 10 или 20 минути. Му треба помалку притисок и подобри услови за да ги искаже своите квалитети. Мислам дека му е потребна добра партија и натпревар кој ќе го започне или во кој ќе влезе во второто полувреме“, изјави Жозе Мурињо.

Михтарјан се очекува да настапи во четврток, кога Јунајтед го пречекува Фејнорд во рамките од Лига Европа. „Му кажав дека ќе биде дел од тој натпревар. Се обидува. Не е среќен, но добро го користи своето незадоволство. На тој начин што молчи и вредно работи за да се прилагоди“, додаде Португалецот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com