Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимЕве што ќе се случи ако го исфрлите белиот леб од исхраната

Еве што ќе се случи ако го исфрлите белиот леб од исхраната

Лебот за организмот може да претставува ,,бомба” која доаѓа во различни облици, некои видови леб знаат да бидат штетни за нашиот организам, а други можат да бидат доста корисни.Неколку странски истражувања покажале неколку процеси кои ќе се променат во вашиот организам доколку го исфрлите белиот  леб  од исхраната:

Ќе изгубите килограми предизвикани од вода

Лебот е полн со јаглени хидрати, а наглото исфрлање на истите  ќе предизвика речиси експресно губење на килограми. Сепак, не станува збор за инстант слабеење туку за губење вода која се насобрала во вашето тело. Секој јаглен хидрат задржан во организмот задржува и врзува 3 до 4 пати повеќе вода од својата тежина

LEB 2

Повеќе нема да бидете постојано гладни.

Преработените јаглени хидрати со кои е преполн белиот леб, во вашиот организам предизвикуваат нагло покачување на шеќерот во крвта кој веднаш потоа брзо опаѓа. Ваквите луди промени на мозокот му испраќаат нејасни и нагли сигнали кои во организмот предизвикуваат чувство на глад и голема желба за храна.

Ќе имате повеќе енергија и помалку стомачни проблеми

За разлика од  црниот и интегралниот леб, во белиот леб нема влакна кои се повеќе од потребни за нормална работа на цревата и стомакот.Токму затоа таквата храна предизвикува проблеми со абдоменот. Исто така, јаглените хидрати се “гориво” за мозокот и телото, ако истите се квалитетни, телото нема да покажува знаци на умор и омалаксаност.

 

Но тоа не значи дека во потполност треба да го исфрлите лебот од исхраната туку да внимавате на квалитетот и количините на леб кои ги внесувате во организмот