Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕве каков е стандардот во секоја европска земја. Македонија на дното

Еве каков е стандардот во секоја европска земја. Македонија на дното

Чешкиот лингвист и математичар, Јакуб Мариан иработе мапа кога го прикажува стандардот на европските земји, како и трошоците за живот. Затоа ако сакате да се преселите некаде прво погледнете ја оваа анализа.

На пример, замислите дека сега живеете во Германија (индекс 100) и трошите 2 илјади евра месечно (ќирија, намирници и се што ви е потребно за пристоен живот). Ако се преселите во Норвешка, ќе мора да потрошите 53% повеќе, односно 3060 евра месечно за да го задржите истиот животен стандард. Од друга страна, ако се преселите во Молдавија (индекс 37), за истите работи ќе морате да потрошите 740 евра.

Стандард
Ако се преселите во странство за таму да живеете, морате да ја земете во предвид цената на работата затоа што тоа е главната работа која се менува и од која зависат вашите идни примања. Сепак, проблем се трошоците на кои ќе ја трошите платата.

На пример, ако секој месец во Германија трошите 2000 евра и се преселите во соседна Бугарија (најнизок стандард од сите членки на ЕУ), ќе мора да трошите по 1000 евра за да ги купувате работите кои што сте ги купувале во Германија. Но, мапата подолу го прикажува односот на примањата и трошоците за живеење.

Просечната плата во Германија изнесува 2600 евра (поради тоа да се потрошат 2000 евра не претставува проблем), додека просечната плата во Бугарија е 400 евра (6,5 пати помала од Германија). Поради тоа, просечен Бугар не може да си дозволи да потроши 1000 евра месечно за да живее како просечниот Германец. Затоа индексот на куповна моќ во Германија изнесува 183, додека во Бугарија 73.

Исто така, сите држави во кои куповната моќ е помала од 58, имаат полош стандард од Македонија. За жал ние сме на самото дно во Европа со, за нијанса подобар стандард од Албанија, Белорусија, Украина и Молдавија.