HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосЕве како „SpaceX“ планира да испрати милион луѓе на Марс

Еве како „SpaceX“ планира да испрати милион луѓе на Марс

4484320_mask-sa-letelicomjpg

Генералниот директор на приватната компанија за вселенски летови „SpaceX“ Илон Маск, потврди дека таа компанија работи на плановите за населување на планетата Марс во наредните 40 до 100 години. Маск вчера одговараше на прашањата преку интернет сајтот „Редит“, што беше организирано после неговите коментари на конференцијата за вселената која се одржа минатиот месец во Мексико, кога ги откри своите планови да испрати до милион лица на Марс во наредните 40 до 100 години.

Маск замислува дека вселенски бродови со по 1.000 патници ќе слетуваат на Црвената планета во стилот на популарниот серијал „Star trek“. Тој во одговорите на тие прашање даде повеќе детали околу оваа негова замисла. Тој изјави дека едене вселенски брод без екипаж ќе биде испратен на Марс со опрема за изградба на погон кој треба да произведе гориво за повратните патувања на Земјата.

Тој исто така истакна дека првата екипа која ќе биде испратена ќе има задача да го изгради тој погон. Маск минатиот месец изјави дека „SpaceX“ веќе работи на тој проект.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com