Thursday, Apr 18, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонЕве како може да дознаете кој ви ѕвони од скриен број

Еве како може да дознаете кој ви ѕвони од скриен број

Фејсбук веројатно знае многу за вас, како и за мистериозните лица кои ви ѕвонат. Затоа компанијата претстави апликација која би требало да го реши проблемот со непознати броеви. Апликацијата Hello е достапна само на Android уредите и користи податоци од Фејбсук како би ви открила кој се крие зад непознатите броеви.

Секако, оваа апликација ќе ви открие кој стои зад непознатиот број доколку тоа лице ги споделило своите контакти на социјалните мрежи. Доколку сте го оставиле својот број на телефон на Фејсбук, лицата со оваа апликација ќе знаат дека ги повикувате, дури и ако го немаат меморирано вашиот број во телефонот. Оваа апликација исто така може да ја користите за да телефонирате или да пронајдете броеви кои ви требаат на Фејсбук.