Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕве како ќе се одвива сообраќајот низ Републиката за Илинден

Еве како ќе се одвива сообраќајот низ Републиката за Илинден

По повод одбележувањето на националниот празник “Илинден“, во рамки на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин Камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, кумановско, ќе биде применет посебен собраќаен режим со цел непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за чествување на празникот.

Така, во недела со почеток 10,30 часот во централното градско подрачје во Скопје, ќе се воспостави посебен режим на сообраќај, односно за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците “11 Октмври“ и “Димитрија Чуповски“ и тоа на потегот од крстосницата со бул.“ Кочо Рацин“ до крст. со ул.“Васил Главинов“, ул. “Филип II Македонски“ од крстосницата пред хотелот “Холидеј Ин“ до Градска Болница и ул. “Даме Груев“ на потегот од крст. со ул. “Македонија“ до Собрание на Р.М.

Потоа, во Крушево, согласно мерките на СВР Битола, посебен сообраќаен режим е предвиден за деновите 01 и 02 август, односно утре (01.08.) во периодот од 18 до 24 часот ќе биде забранет сообраќајот за сите видови на возила по главната сообраќајницa во градот од влезот во Крушево, м.в. Стара бензиска до раскрсница “Тагас“ а возилата можат да се движат заобиколно преку хотел „Монтана Палас“ до Спомен куќата на Тодор Проески и м.в.„Гумење“. Во недела пак, (02.08.) ќе биде забранет сообраќајот по главната сообраќајница во времето од 09.00 до 11.00 часот, додека во периодот од 10.00 до 13.00 часот ќе биде забранет сообраќајот од м.в.“Бензиска пумпа“ до м.в.“Мечкин Камен“.

Забрана за одвивање на сообраќајот за трактори, земјоделски машини и запрежни возила ќе важи за 01 и 02.08. во времето од 00.00 до 24 часот на регионалниот пат Прилеп – Крушево и Демир Хисар – Крушево, а на 02.08.2015 година ќе биде забранет сообраќајот за товарните моторни возила. Исто така утре и задутре ќе биде забрането паркирање на ПМВ и ТМВ по главната сообраќајница во градот Крушево.

И во Пелинце каде што почетокот на празничната манифестација е закажан за во 10,00 часот во недела се апелира до граѓаните кои ќе сакаат да присуствуваат на настанот во Меморијалниот центар во Пелинце да пристигнат до 09,00 часот, бидејки поради присуство на ВИП гостите ке биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќајот.