Еве како да добиете екстра батерија и меморија за iPhone
iPhone телефоните се одлични за работа и комуникација, но имаат неколку ограничувања како висока цена за моделите со поголем мемориски капацитет и недостигот на надворешна меморија. Тука на помош доаѓа додатокот MemoriesCable кој ќе ви обезбеди дополнителни 128 GB простор за сите ваши слики или песни.
MemoriesCable за iPhone може да се користи и како преносен USB кабел за полнење на батеријата од лаптоп или друг електронски уред од каде може да влечете енергија, како и за синхронизација со надворешни уреди за мултимедија. MemoriesCable работи и со Touch ID скенерот за отпечатоци за обезбедување на податоци, а наскоро ќе биде пуштен во продажба со цена од околу 50 долари.
Извор: telefoni.mk