HomeДЕНЕШНАСветЕвакуирана железничката станица во Раштат поради дојава за бомба

Евакуирана железничката станица во Раштат поради дојава за бомба

Полицијата ја евакуирала железнучката станица во Раштат, град во југозападна Германија, поради закана од бомба, но за сега не било пронајдено ништо сомнително, пренесуваат германските медиуми. Како што пренесува германскиот таблоид „Билд“, патниците и вработените биле принудени да ги напуштат пероните и зградата на станицата, а откако добиле дојава за бомба бил стопиран и сообраќајот.

Полиците започнала да го истражува теренот. Бил затворен и плоштадот пред станицата. Од полицијата соопштиле дека биле ангажирани и експерти за експлозиви и кучиња. Раштат се наоѓа во сојузната држава Баден-Виртемберг. Германската полиција вчера во Лајпциг уапсила Сириец кој планирал терористички напад на аеродромот во Берлин.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com