HomeДЕНЕШНАСветЕвакуација во германски град поради можни терористички закани

Евакуација во германски град поради можни терористички закани

Дел од германскиот град Хемница во Саксонија е под полициска окупација после паника поради можно терористички закани. Полицијата извршила евакуација на делови од згради, за што јавноста ја известила преку „Твитер“, но без детални објаснувања за што станува збор.

Специјалните единици и полицијата се наоѓаат на местото на настанот, а на сите жители од една населба во градот Хемница и било забрането да излегуваат од своите домови, а патиштата биле затворени за сообраќај. Како што пренесува германскиот таблоид „Билд“, полицијата пронашла експлозив. Претходно неофицијални извори пренесоа дека се бара човек кој на него носел експлозив.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com