Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕуростандард банка ја „ќари“ и последната градба на „Фи-Ком“

Еуростандард банка ја „ќари“ и последната градба на „Фи-Ком“

Градбата, попозната како „Антигона“ на контравезната градежна компанија „Фи-Ком“, со одлука од Врховниот суд на Македонија падна во рацете на „Еуро Стандард Банка“.

Врховниот суд уште во месец октомври го одбил барањето за ревизијата поднесено од 30 измамени граѓани, кои се јавуваат како оштетени во скандалот во случајот „Фи-Ком“.

Пресудата донесена од Врховен, со која беше одбиено барањето како неосновано, заинтересираните странки ја добија деновиве, дури два месеци по пресудата. Образложанието за одлуката судот го објаснува со барањето на тужителите за ревизија поради што „била сторена суштествена повреда на одредбите од парничната постапка и поради погрешна примена на материјалното право“.

30-темина купувачи на станови и деловни објекти во зградата наречена „Антигона“ побарале од Врховниот суд да го поништи договорот за залог и бришење на заложното право во јавните книги, но Врховниот суд ги одбил барањата на измамените граѓани и донел одлука во корист на Еуростандард банка, која, пак, години наназад излегува со тврдења дека хипотеката почива на даден риволвинг- кредит во висина од 90 милиони денари, одобрен за потребите на градежната компанија „Фи-Ком“.

Еуростандард банка со ставање под хипотека ги презеде скоро сите објекти што ги градеше „Фи-Ком“, а некои од нив и ги отуѓи.


Н.С