Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЕуролинк ќе донира за модерна читална на домот „Гоце Делчев“

Еуролинк ќе донира за модерна читална на домот „Гоце Делчев“

Kомпанијата Еуролинк осигурување ќе донира 8500 евра за опремување на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Проектот, кој е дел од платформата за корпоративна општествена одговорност: „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“, опфаќа опремување на заедничката читална и библиотека во Блок Б, на 6. кат во студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Целта е да создаде квалитетен простор за студентите со површина од 160 квадратни метри, кој ќе претставува модерно уредена читална со целиот потребен инвентар за таа намена – од бироа, столовии и библиотека, каде што идните академски граѓани ќе можат да ги подготвуваат своите семинарски, колоквиуми и испити. Просторијата ќе биде пуштена во употреба за две до три недели, пред самиот почеток на академската 2015 – 2016 година.

„Навистина сме уверени дека за брзо време студентите ќе можат да уживаат во современо опремена читална во домот „Гоце Делчев“ во Скопје. Сметаме дека секое општество треба да обезбеди поттикнувачки услови за развој на интелектуалната сила и идните професионалци, и токму затоа компанијата издвои средства за креирање на еден модерен и урбан простор за многу генерации студенти”, изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување.

Целта на донаторската програма на Еуролинк осигурување е да им се даде неопходната поддршка на студентите, а воедно како општествено одговорна компанија да даде свој придонес во подобрувањето на условите во самиот студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје.