Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕуролинк формира бесплатна школа по уметничко лизгање за деца од 6 до 14 години

Еуролинк формира бесплатна школа по уметничко лизгање за деца од 6 до 14 години

Скопје е градот каде ќе се одржуваат часовите за уметничко лизгање за сите дечиња од 6 до 14 години на лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“, целта на оваа нова школа е децата да се запознаат со основите на уметничкото лизгање и еден ден некој од нив да стане врвен и познат во лизгањето на лед. Децата ќе можат бесплатно да ги учат техниките по уметничко лизгање од 23 феврури до 22 март на истото лизгалиште.

Ксенија Јашташењски-Симиќ е професионалниот тренер и раководител по уметничко лизгање која ќе ги учи малите деца. Децата, поточно родителите можат да ги пријават своите дечиња со испраќање на е-пошта на електронската адреса eurolinkblog@gmail.com. Пријавувањето почна од вчера-вторник и ќе трае до петок. Потребните податоци за едно дете биде примено се: име и презиме на детето-учесник, возраст, број на лизгалки, висина, тежина, и контакт-телефон, сите овие податоци треба да бидат напишани во е-поштата. Доколку некоја од овие информации не биде вклучена во е-поштата, кандидатот нема да биде земен предвид.

Пријавените учесници ќе се избираат од страна на стручен тим кој ќе избере 35 деца, кои два пати во неделата ќе ја посетуваат оваа школа, а истите ќе добијат и бесплатни термини за уметничко лизгање во траење од 30 дена, лизгалка и брендирана опрема.

Инаку, оваа бесплатна школа за уметничко лизгање е организирана во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на образованието, културата и на уметноста. Тие додаваат дека целта им е да ги поттикнат природните способности на децата уште од мали нозе и од нив да направат професионалци и сите деца што успешно ќе ја завршат школата ќе добијат сертификати за учество, кои ќе им бидат доделени на завршната претстава.