HomeДЕНЕШНАРегионЕулекс ќе отпушти 800 лица

Еулекс ќе отпушти 800 лица

Мисијата Еулекс на Косово следните неколку дена ќе отпушти од работа околу 800 лица, кои биле во работен однос во оваа институција, а од нив половината се Косовци.

Веста за електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“ ја потврди Беса Доми, портпаролката на Еулекс. Според Доми, во јуни 2016 година земјите членки на ЕУ и косовската влада се договориле за нов мандат на мисијата на Еулекс, која донела нов оперативен план на активности.

„Спроведувањето на овој план предвидува намалување на бројот на вработени за 800 лица, од нив 400 се странци и исто толку Косовци. Тоа е направено со цел да се создаде помала и постабилна мисија, која ќе нуди активности од мониторинг, менторирање и советување на стратешко ниво на косовските институции за спроведување на законот и понатамошна поддршка за уставно и граѓанското право за судење на одредените кривични случаи“, изјави Доми.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com