HomeДЕНЕШНАСветЕУ загрижени: Можни се хемиски напади извршени од експремисти-повратници

ЕУ загрижени: Можни се хемиски напади извршени од експремисти-повратници

Координаторот на ЕУ за антитероризам Жил де Кершов денеска изрази загриженост дека оние, кои заминале да се борат на страна на групата Исламска држава, кога ќе се вратат, би можеле да извршат напади со хемиско оружје во Европа, користејќи техники научени во Сирија и Ирак.

– Се надевам дека никој нема да се врати од Сирија со знаење како да употреби некоја хемикалија како оружје и автомобили-бомби. Во Сирија и Ирак научиле како се прави тоа, истакна Кершов.

Тој нагласи дека, имајќи предвид дека се урива надежта на ИД за создавање сопствена држава, стотоци нејзини борци веројатно ќе се вратат во Европа.

МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com