Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНови напори на ЕУ за решавање на политичката криза

Нови напори на ЕУ за решавање на политичката криза

Лидерите на Советот за надворешни работи на Европската Унија ќе дискутираат за состојбата во Република Македонија и сите политички превирања во изминатите десетина месеци.

Според агендата, министрите за надворешните ЕУ земјите ќе за ситуацијата во која се наоѓа Македонија ќе разговараат со Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, а по пладневниот состанок со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун. Заклучоците што ќе ги донесе Советот на ЕУ, овој четврток и петок ќе бидат усвоени од страна на шефовите на државите и Владите на ЕУ-земјите на Самитот на Европскиот совет.

han-gruevski-zaev

Советот досега изрази голема загриженост во врска со влошувањето на ситуацијата во земјата, особено во областа на владеењето на правото, основните права и слободата на медиумите. Упатени се повици за сите страни да го превземат својот дел од одговорноста за неизвесната политичка состојба. Потребно е враќање на политичкиот дијалот и изнаоѓање на одржливи решенија кои ќе ја вратат довербата во институциите.
Од заклучоците на Советот за надворешни работи на Европската Унија би требало да се обезбеди подршка за начелно постигнатиот договор на 2-ри јуни кога во преговорите учестуваа политичките лидери од Македонија и ќе продолжат напорите за добивање на конечен компромис и надминување на политичката криза.