Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕУ планира да испрати засилување на грчко-македонската граница

ЕУ планира да испрати засилување на грчко-македонската граница

Со цел да се запре приливот на мигранти кои доаѓаат на границата помеѓу Македонија и Грција, земјите члени ка ЕУ планираат да ипсратат повеќе полицајци и војници кои влегуваат во Северна Европа.

Во Брисел и Берлин стана поплуларен планот за контрола на бегалците со кој се согласуваат и останатите блкански земји со исклучок на Грција , јавуваат западноевропските известувачи од состанокот во Амстердам.

Околу 67.000 бегалци влегле преку Грција од нова година, а бројката не се намалува. Постојат стравови дека бројката ќе се зголеми во текот на наредните денови како резултат на влошување на состојбата во Сирија.

migranti

Зголемената бројка на граничните полицајци и војници треба да доведе до зголемување на контролата или дури и херметички затворање на границата за бегалците и мигрантите. Ваквиот план беше предложен од претсетдателот Ѓорге Иванов уште во октомври, а на почетокот на овој месец беше покренат од Словенија.

Официјални лица се претпазливи во однос на затворањето на границите и можно предизвикување на хуманитарна катастрофа на Балканот. Грчкиот премиер Алексис Ципрас цврсо стои на ставот дека Грција не треба да е „црна кутија“ на бегалците, додека останатите земји-членки на ЕУ сметаат дека Грција треба да стане бегалски камп на доселениците кои подоцна ќе бидат распределени помеѓу земјите членки.

Австрија предупреди дека ќе ги затвори своите граници доклоку не се изнајде некое заедничко, компромисно решение.