Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕУ: Ова е најголема бегалска криза од Втората светска војна

ЕУ: Ова е најголема бегалска криза од Втората светска војна

Европската комисија ги предупреди балканските земји вклучувајќи ја и Македонија дека не превземаат доволно мерки за да го спрачат бранот на мигранти и дека ова е најголемата бегалска криза во Европа после Втората светска војна. Интересно е како меморијата на европјаните е многу кратка и не ја паметат на пример Косовската бегалска криза и огормниот притисок кој се создада врз Македонија.

mig16nov

Сега имаме ситуација во која мигрантите лесно се прелеваат на јужната граница, а откако ќе стапнат на наша територија повеќе граничните служби немаат право да ги вратат назад како што на пример во Шпанија ги претепуваа мигрантите кои доаѓаа од Мароко.

mig8nov

Најголеми виновници на Европската комисија за миграција предводена од комесарот Аврамопулос се очигледно Македонија и Србија кои го дозволиле овој балкански канал на проток на мигранти, а тука се и криминалните структури кои ги користат можностите за шверц на луѓе и голема заработка.