HomeДЕНЕШНАСветЕУ одобри: На повидок договор со Канада

ЕУ одобри: На повидок договор со Канада

ceta

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ денеска го одoбрија компромисниот предлог на Белгија за Сеопфатниот економски и трговски договор (ЦЕТА) меѓу Унијата и Канада, јави ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел, кои побарале анонимност.

Според истите извори, на земјите членки на ЕУ им е оставен рок до утре вечер на полноќ да се произнесат по новиот предлог на договорот и придружните документи.

– Се надеваме дека по завршувањето на сите процедури, ќе можеме да кажаме дека ЕУ е подготвена да го потпише ЦЕТА, изјавил анонимниот дипломатски извор за ДПА.

Федералната Влада на Белгија и претставниците на регионалните власти преходно денеска постигнаа компромис околу договорот, по триденевни преговори што започнаа во вторникот.

Учесници во преговите уште синоќа соопштија дека бил „остварен напредок“ и изразија надеж дека во текот на денов ќе биде постигнат кончен договор.

Потпишувањето на договорот беше доведено во прашање поради забелешките од белгискиот франкофонски регион Валонија, кој се спротивставуваше на клучните одредби од договорената верзија на ЦЕТА.

Валонските власти бараа гаранции дека ЦЕТА нема да им наштети на локалните интереси. Тие особено се спротивставуваа на одредбите од договорот со кој се штитат меѓународните инвеститори, оценувајќи дека со нови, земјите членки на ЕУ ќе бидат принудени да ги менуваат законите „спротивно на желбата на народот“.

За денеска во Брисел беше предвиден Самит ЕУ-Канада на кој требаше да биде потпишан договорот ЦЕТА, но канадските власти уште синоќа соопштија дека премиерот Џастин Трудо останува во Отава.

– Канада е подготвена да го потпише овој важен договор, кога и Европа ќе биде подготвена на тоа, изјави портпаролот на канадското Министерство за меѓународната трговија, Алекс Лоренс.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com