HomeДЕНЕШНАРегионЕУ не го признава референдумот на Република Српска

ЕУ не го признава референдумот на Република Српска

Тоа што над 90% од жителите на Република Српска излегоа на референдум за потврда на нивниот национален празник за Европската Унија нема значење. Според челниците во Брисел референдумот бил незаконски спроведен спротивно на одлуката на Уставниот суд на БиХ и од него не произлегуваат правни последици.

– Овој референдум не може да ја промени крајната и обврзувачката одлука на Уставниот суд во БиХ. Ние очекуваме и ги охрабруваме инситутциите во БиХ да ги решат сите отворени прашања во рамаки на постоечката уставна рамка и преку конструктивен дијалог. Важно е за сите страни да се воздржат од активности што можат да ескалираат и Босна и Херцеговина да се посвети на реформи во економската и социјалната политика што ќе ја приближи кон Европската унија – изјави Маја Коцијанчич, портпаролката на Европската комисија.

Прогласувањето на 9 јануари за државен празник за хрватскиот и босанскиот ентитет е неприфатливо бидејќи асоцира на крвавата војна во 90-тите која одзеде многу животи и е симбол на српскиот експанзионизам.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com