HomeДЕНЕШНАПолитикаЕУ комплетно ја изгуби довербата во македонските институции, сама ќе дели пари од ИПА фондовите

ЕУ комплетно ја изгуби довербата во македонските институции, сама ќе дели пари од ИПА фондовите

Европската унија во последниот објавен повик од програмата ИПА 2 одлучи да ги суспендира македонските институции од менаџирањето на средствата и самата ќе ги дели грантовите и ќе ги потпишува договорите.

„Со најновиот повик вреден три милиони евра за прекугранична соработка со Албанија, сите заинтересирани кои имаат проекти, ќе склучуваат директни договори со канцеларијата на ЕУ во Скопје. Делегацијата на ЕУ во Скопје ќе има улога на единствен договорен орган со кој ќе се склучуваат договорите“, рече ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар на денешната презентација на повикот од ИПА 2 каде што присуствуваа и претставници на македонската влада, односно министрите за евроинтеграции и локална самоуправа.

Претходно, Европската Унија скрати дел од европските пари од фондовите упатувајќи на потребата од подобро администрирање на земјата да ги користи средствата, а за дел од средствата од програмата за земјоделство и рурален развој медиумите објавуваа информации дека истите се под истрага во Европската комисија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com