Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕУ итно и додели 108 милиони евра на Бугарија за справување со бегалската криза

ЕУ итно и додели 108 милиони евра на Бугарија за справување со бегалската криза

Европската комисија за кус период го одобри барањето за финансирање добиено од бугарските власти во четвртокот вечерта и денеска одлучи да и додели 108 милиони евра на Бугарија од Фондот за итно финансирање со цел „управување со миграциските текови и зајакнат надзор на границата и граничните контролни активности“.

Поздравувајќи ја оваа одлука, комесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, истакна дека Еврокомисијата ги поддржува сите земји-членки во справувањето со бегалската криза, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Бугарија не е исклучок и напорите и превземените обврски на оваа земја да се обезбеди ефикасно управување со надворешната граница на ЕУ се од суштинско значење. Брзата одлука да се доделат средствата покажува дека ние сме целосно посветени на обезбедувањето дополнителна помош кога тоа е оправдано и дека Бугарија, како и прва на позицијата од земјите-членки која ги чува нашите надворешни граници, добива наша целосна поддршка во тоа. Тоа уште еднаш докажува дека надворешните граници на една земја-членка се надворешната граница на сите земји-членки – истакна еврокомесарот Аврамопулос.

Инаку, според планот, средствата на Европската унија во Бугарија треба да бидат искористени за зајакнување на управувањето со миграциските текови, да се зголемат капацитеттите за прием на бегалци и капацитетите на службата за азил, како и да се зајакне надзорот на границата и граничните контролни активности.