Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕУ има недостиг од работна сила, се бараат повеќе од 1.300.000 работници

ЕУ има недостиг од работна сила, се бараат повеќе од 1.300.000 работници

Од почетокот на 2016 година, надлежните институции на Хрватска, Германија, Австрија, Чешка, Унгарија, Италија и Полска, соопштиле дека имаат проблем со пронаоѓање, односно увоз на работна сила. Сите овие земји во Европа заедно имаат потреба од 1.300.000 работници.

Се работи главно за стручни професии: инженери, електроника, медицина, но има побарувачка и од сезонски работници во земјоделството и угостителството.

Една од најплатените професии е мехатроничар, која во Германија е платена и до 9.800 евра а потоа следуваат лекарите со 5.000 евра.

Сепак интересно е што на листата на побарувани професии не се најдоа некои општествени професии како новинари, филозофи, професори или социолози.

Инаку, платите се многу поголеми од кај нас, така на пример во Хрватска платата на келнерите од прилика изнесува 800 евра, во Италија еден сезонски работник добива 2.000 евра, чистач во Австрија 1.300 евра, додека мехатроничар во Германија заработува и до 9.800 евра.