Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕУ и САД имаат план за брзо стабилизирање на Македонија

ЕУ и САД имаат план за брзо стабилизирање на Македонија

„Најголемото влијание на ЕУ, во наш интерес, е да имаме преговори низ кои ќе се надминат недостатоците“. Оваа изјава на Јоханес Хан од пред една година, во која повикува на отворање преговори за членство со Македонија, еврокомесарот за проширување сега, во услови на извесен трансфер на власта, се повеќе ја актуелизира на средбите и со македонски и со претставници на земјите-членки, стои во информацијата објавена во емисијата „360 степени“.

Последната ваква порака Хан ја испратил на минатонеделниот состанок на мешовитиот европско-македонски парламентарен комитет, ветувајќи европска поддршка за новата гарнитура на власт во Скопје, иста како што имала и онаа во заминување. „Ако се надмине оваа состојба, ние како Европејци, исто така треба да испорачаме наша подготвеност за старт на преговори“ – рекол Хан на состанокот во Брисел, на кој присуствувал и претставник на новото парламентарно мнозинство.