Thursday, Apr 25, 2024
HomeUncategorizedЕУ и додели грант од 70 милиони евра на Македонија за пругата кон Бугарија

ЕУ и додели грант од 70 милиони евра на Македонија за пругата кон Бугарија

Од вкупно 194 милиони евра грант наменет за развој на инфраструктурата во Западен Балкан, Македонија на самитот во Трст добила 70 милиони евра за доизградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, информираше денеска вицепремирот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој додаде дека оваа неповратна помош, доволна за да се покрие 46 отсто од вкупната сума што е потребна за изградба на втората делница од пругата кон Бугарија.

– Препознаен е реформскиот дух на Владата практично да ги имплементира сите процедури и потребни чекори за побрзо и полесно пристапување кон Европската Унија и до нејзините фондови – изјави Анѓушев.

Одговарајќи на новинарско прашање, Анѓушев кажа дека пругата ќе биде градена во континуитет и дека третата делница ќе се гради откако ќе биде завршена втората.

Тој, исто така, нагласи и дека биле направени контакти со Светска банка, која била незадоволна што последните две-три години воопшто не биле склучени нови договори за изградба на инфраструктура во Македонија, а и тие чија реализација почнала не е на потребното ниво.

Средствата што ги нуди Светска банка најчесто се за автопатска мрежа, а било разговарано и за буџетска поддршка која, како што рече Анѓушев, конечно ќе заврши кај македонските компании.