Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕУ гориво за придвижување на македонските политичари

ЕУ гориво за придвижување на македонските политичари

Состојбата на политичката сцена во Македонија се уште е статус кво, па дури и камповите пред Владата и Собранието се уште се активни. Почетниот договор за предвремени избори во април следната година очигледно не ги смири страстите меѓу политичките партии кои не успеаа да си пружат рака за клучните прашања.

EU-council

 

Денес Советот на ЕУ составен составен од министри за надворешни работи ќе ги донесе заклучоците за Македонија, па можеби нивното влијание ќе придонесе во некаков побрз расплет на домашната политичка сцена.

han-gruevski-zaev

 

Опозицијата сигурно очекува поостар тон од евро-министрите и осуда на македонските власти за нарушување на повеќе правни и демократски стандарди, но од друга страна пак повторно се говореше за враќање на институционалниот пат на решавање на политичката криза и дијалог во парламенет. Власта пак, е во добра позиција чекајќи ги најавените предвремени избори обвинувајќи ја СДСМ за бегање од соочување со гласачите, при тоа не давајќи никаков простор за исполнување на главните барања за формирање преодна влада и оставка на премиерот Груевски.

Пообемни забелешки за Македонија од ЕУ ќе бидат дадени во наредните денови кога завршува Самитот и ќе се состанат и шефовите на влади.