Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕУ го покани Заев како „таксан“ премиер

ЕУ го покани Заев како „таксан“ премиер

Мандатарот Зоран Заев и официјално е поканет да присуствува на премиерската вечера во Брисел од страна на претставничката за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Информацијата ја потврдија и од СДСМ од каде велат дека во поканата до Заев стои дека тој е поканет во својство на „определен за премиер“.
Ова значи дека техничкиот премиер Емил Димитриев сепак останува во земјава, бидејќи не е поканет на неформалниот состанок на премиери.
„Заев доби лична покана од еврокомесарот Могерини за присуство на утрешната средба, којашто најпрво ќе опфаќа билатерална средба помеѓу Заев и Могерини и заедничка вечера со премиерите од регионот.“ – изјави Шилегов.
Од СДСМ не откриваат дали заминувањето на Заев во Брисел ќе влијае во одолговлекувањето на процесот во преговорите со коалициските партнери за формирање влада, но велат следува процес на ефектуирање на преговорите, бидејќи ставовите околу принципите со коалициските партнери веќе се испеглани.
„Делот кој се однесува на заокружувањето на принципите и начинот на функционирањето на новата влада, полека се затвора, така што ќе влеземе во ефектуирање на разговорите околу составот на владата“ – вели Шилегов.
Од Беса пак и денеска ниту негираат ниту потврдуваат дали ќе бидат дел од извршната власт, но велат партијата само ги зацврстила ставивите дека нема да бидат дел од влада во која би имало инкриминирани политичари, но потсетија и на останатите барања кои ги имаат. Сепак велат дека доколку влезат во власта нема да бараат подеднаков број на министерски места како ДУИ но ќе бараат во секој ресор да имаат свој човек.
Алијансата на албанците пак и денеска имаат внатрепартиски консултации, а од ДУИ не откриваат нови детали. Можност за срдби помеѓу работните групи како во изминатите денови не се исклучува да има и денеска.
Извор: ТВ24