HomeДЕНЕШНАСветЕУ ги продолжи проверките на внатрешните граници на Шенген зоната

ЕУ ги продолжи проверките на внатрешните граници на Шенген зоната

shengen

Советот на ЕУ донесе одлука за три месеца да ги продолжи проверките на внатрешните граници на Шенген зоната. Пет држави од Шенген го задржуваат правото да ги продолжат проверките – Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка. Со одлуката се наведува дека граничните проверки треба да се ограничат на време, место и зачестеност.

Одлуката за задржување на граничната контрола е според правилата за дејствување во вонредни ситуации. Советот препорачува проверките да се реализираат само како последна можност за зачувување на внатрешниот ред и за спречување на движењето на незаконски влезените мигранти.

Петте посочени држави треба секоја недела да ги оценуваат околностите и секој месец да ја известуваат Европската комисија. Државите имаат слобода сами да ги укинат проверките пред истекот на трите месеца, доколку се создадат неопходни услови за тоа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com