Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиЕУ ги додели наградите за истажувачко новинарство

ЕУ ги додели наградите за истажувачко новинарство

Борис Георгиевски, тимот на Призма и Билјана Николовска од Телма се најдборите новинари-истражувачи за минатата година според Евроспката унија.

Во рамките првонаграденото истражување, серијалот „Досие Телеком“, се обработуваат резултатите од обемниот доказен материјал кој е дел од постапката што пред судот во Њујорк се води против поранешните водечки луѓе на Маѓар телеком обвинети за поткупување на владини функционери во Македонија. Истражувањето фрли нова светлина на процесот на приватизацијата на Македонски Телекомуникации и на случувањата кои му претходеле.

„Скопје 2014 под лупа“ е обемно истражување кое има за цел да овозможи увид во трошењето на јавни пари за контраверзното менување на ликот на Скопје. Основата на истражувањето е интерактивната онлајн база на податоци „Скопје 2014 под лупа“ која ги содржи сите договори, набавки, имиња на фирми и автори како и инвеститори од проектот и ја утврдува крајната цена на проектот Скопје 2014.

Новинарката, Билјана Николовска ја заслужи наградата за најдобар млад истражувачки новинар, за серијалот на ТВ Телма насловен „Од невработени до затвореници: Како системот амнестираше 15 илјади здравствени осигуреници“.

Генералниот директор за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон истакна дека истражувачкото новинарство е за отчетност, а работата на новинарите е да обелоденуваат злоупотреба на моќ на кое било ниво во општеството, нивната работа е клучна ги информираат граѓаните и прават политичарите да бидат поодговорни за своите дејства.

Во конкуренција се најдоа 32-ца автори со 29 стории, објавени во сите медиуми изминатата година. Жирито изрази жалање дека во новинарствотво се помалку се истражува. Велат, недоставуваат меѓународни средства во поголемите редакции кои би го стимулирале истражувачкиот правец.