Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕУ бара итен прекин на огнот во Алепо, Москва нуди 48-часовно примирје

ЕУ бара итен прекин на огнот во Алепо, Москва нуди 48-часовно примирје

Европската унија вчера повика на „итно запирање“ на борбите во северниот сириски град Алепо, со цел да се овозможи медицинска евакуација, пружање хуманитарна помош и да се извршат основни поправки на инфраструктурата, јави ДПА.

– Хуманитраната операција во Алепо не може да биде дел од ниту една воена стратегија, се наведува во писмената изјава на високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Таа нагласува дека ЕУ „остро ја осудува“ ескалацијата на насилствата во Алепо, вклучително и „прекумерната и несразмерна употреба на сила од страна на сирискиот режим“.

Могерини во соопштението ги повикува сите страни вклучени во конфликтот да ги прекинат непријателствата и да се укинат сите опсади со цел да се овозможи постојан дотур на хуманитарна помош по копнен пат до сите на кои им е непоходна.

Во меѓу време, претставникот на руската Армија, генерал Игор Конашенков изјави дела Русија е подготвена да прифати прогласување на 48-часовно примирје во Алепо во текот на следната недела, за да се овозможи достава на неопходната хуманитрана помош.

Според Конашенков, оваа мерка би претставувала „пилот проект“ за разгледување на можноста за прогласување прекини на огнот во реонот на Алепо и во иднина.

– Руските сили исто така се подготвени и да им пружат заштита на конвоите на ОН при пристигувањето до градот, рече Конашенков.

МИА