HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЕсма Реџепова во болница – состојбата стабилизирана

Есма Реџепова во болница – состојбата стабилизирана

esma-redzepova

Веста дека кралицата на ромската песна, Есма Реџепова-Теодосиева е хоспитализирана во тешка здравствена состојба, предизвика вознемиреност во јавноста. Нејзината пријателка и човек за односи со јавноста – Зорана вели дека нејзината состојба набрзо е стабилизирана и таа веќе се чувствува подобро, но поради превенција и можност за побрза интервенција до конечната стабилизација сè уште е во болница.

Таа изјави дека Есма имала проблем со функцијата на белите дробови. Според докторите, се работи за од порано недолекувани бронхопневмонии. По лекарската интервенција, состојбата на Есма брзо се стабилизирала и сега се чувствува многу подобро.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com