Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноЕсма Реџепова целиот имот го остави на државата

Есма Реџепова целиот имот го остави на државата

Вчера се отвори тестаментот на Есма Реџепова Теодосиевска, во кое јасно и гласно стои дека сиот имот ѝ го подарува на државата, изјави за Програмата Гласот на народот на Радио Слободна Македонија, Зорана Костовска, најблискиот соработник на Есма Реџепова Теодосиевска.

Костовска вели дека Кралицата на ромската музика постојано велела дека парите ги направила од концерти, а за концертите народот купувал карти, така што таа сакала сè да остави на својот народ.

– Таа го исполни своето ветување. Есма многу ја сакаше Македонија и Македонија ја сакаше Есма. Никогаш каде и да одевме низ светот Македонија не ја изоставуваше од своите изјави, интервјуа. Во срцето ја носеше македонската песна, душа и мисла. Знаеше да каже дека е горда на својата Македонија. Затоа Есма сиот свој имот ѝ го подари на Македонија – вели Костовска.