Thursday, Apr 18, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатување„Ескејп Травел“ со нов веб сајт за авантурите на Крф

„Ескејп Травел“ со нов веб сајт за авантурите на Крф

Поради огромната заинтересираност на љубителите на карпестите авантури и морето, туристичката агенција „Ескејп Травел“ со гордост го лансираше новиот уникатен веб- сајт составен од нови и актуелни патувања.

Од агенцијата велат дека патниците на новиот сајт ќе може да најдат многу повеќе информации околу нивното сместување на островот Крф, а исто така на многу лесен начин ќе може да го лоцираат нивниот летен дом.

krf1

Самиот сајт нуди можност за дирекно запознавање со туристичките водичи, пребарување на цени и термини, рангирања и разгледување фотографии, а во наредните денови ќе има дополнителни алатки коишто за првпат ќе се употребуваат во македонскиот туризам.

Агенцијата „Ескејп Травел“ за една година се покажа како одлично организирано друштво коешто на патниците им овозможува да го запаметат нивното летување како што тие посакуваат. Споредба помеѓу цената за летување и задоволството не може да се спореди, бидејќи како што велат патниците тој којшто патувал знае дека ваквите цени што ги нуди агенцијата може да си ги дозволи секој патник.

Агенцијата „Ескејп травел“ се наоѓа во трговскиот центар „Бисер“, а исто така можете да ги посетите на www.escapetravel.mk

За оние коишто се’ уште размислуваат каде на одмор, агенцијата го нуди островот Крф до крајот на месец септември. Затоа чуствувајте се слободни да ги контактирате.