Thursday, Mar 28, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАЕрупција на најголемиот јапонски вулкан за 25 години?

Ерупција на најголемиот јапонски вулкан за 25 години?

Како што прогнозираат експертите на основа на количината на насобрана магма, ерупцијата на Сакураима, еден од најактивните јапонски вулкани, би можела да се случи за две ипол децении. Вулканот Сакураима кој се наоѓа на островот Кјуш, оддалечен е 49 километри од нуклеарната електрана „Сендаи“, а близу е и градот Кагошиме во кој живеат 600.000 луѓе. Последна ерупција на овој вулкан во кој имало и жртви забележана е во 1914 година кога починале 58 лица.

Јапонскиот архипелаг кој го нарекуваат и „огнен прст“ има повеќе од 100 вулкани. Сакураима редовно исфрла пепел, а се случуваат и помалку експлозии секоја година. Последната ерупција се случила во февруари.

vulkan-f2

Однесувањето на вулканот внимателно го следат надлежните служби во Јапонија. Од петте нивоа на опасност, овој вулкан се наоѓа во третата фаза и е забранет пристап до него. „Сметаме дека на вулканот му се потребни 130 години да ја собере количината на магма потребна за ерупција, значи дека сме 25 години оддалечени од тоа“, прецизираше докторот Џејмс Хики од британскиот универзитет Ексетер.

Со истражувањето било откриено дека секоја година се наталожувало околу 14 милиони кубни метри магма, што е доволно стадинот во „Вембли“ во Англија да се наполни три и половина пати.

vulkan-f1