Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕрмира Асани Салија го замени Бедредин Ибрахими во ДИК

Ермира Асани Салија го замени Бедредин Ибрахими во ДИК

Ермира Асани Салија од БЕСА е нов член на Државната изборна комисија, одлучи Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера до Комисијата го доставил Предлогот на движењето БЕСА за член на ДИК да биде Ермира Асани Салија, дипломиран правник од Гостивар и член на Централното претседателство на партијата.

Асани Салија доаѓа на местото на Бедредин Ибрахими од ДПА, бидејќи БЕСА е четвртата партија според бројот на пратеници во Парламентот.

Изборот на новиот член на ДИК ќе биде ставен на дневен ред на денешната пленарна седница.

Ибраими минатата недела на прес конференција ја оспори неговата смена, како незаконска.

– За да ја донесете спорната одлука најпрвин треба да донесете одлука за разрешување на член на ДИК и тоа само ако е исполнет еден од условите утврдени во членот 28 став 1 од Изборниот законик, наведува Ибраими во документот доставен до Парламентот.